„Чувство како никое досега“: Александра Заева скокна од падобран во Дубаи

Добивај вести на Viber

Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев, Александра се пофали дека скокнала од падобран односно дека искусила скајдајвинг. 

Тоа е слободен пад до активација на падобранот, најчесто на висина од 1 000 до 1 500 метри, при што скокачот пред приземјувањето дополнително ја намалува брзината на падот со активирање на механизмот кој дејствува со вертикална сила нагоре. 

Александра тоа го искусила во тандем, а како реакција на истото напиша:  „Чувство како никое досега“.

Оваа незаборавно животно искуство ќерката на поранешниот премиер Заева според она кое го сподели на Инстаграм стори го стекнала во Дубаи.


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм - стори