Д-р. Фидановски советува: На што треба да внимавате кога сте на одмор со дете и од која возраст се препорачува крема со заштитен фактор

Летните одмори се најрадосниот период за семејствата. Слободно време да се ужива во топлите денови, сонцето, плажата, морето и песок.
Сите различно го организираат слободното време од летните одмори, во согласност со своите потреби. Но во семејствата во кои има деца, особено дечиња на помала возраст, летните одмори можат да се претворат во вистински предизвик.
Плановите за летните одмори траат подолго, а листата на средства кои треба да се подготват доколку искрсне ситуација надвор од предвидената е подолга. Родителите често се прашуваат дали треба да посетат педијатар за проценка на општата здравствена состојба на децата, кои средства за патување треба да ги земат со себе, но и на што најмногу треба да внимаваат кога се во прашање ризиците по здравјето.
За сите дилеми кои ги имаат родителите, во однос на планирањето годишни одмори особено кога се во прашање најмалите членови на семејството, го прашавме д-р. педијатар и неонатолог - Душко Фидановски од Аџибадем Систина.
Покрај задолжителните консултации и прегледи, д-р Фидановски од Аџибадем Систина предлага и дозирање на изложување на сонце, како и во поглед на користењето на креми со заштитен фактор.
М.С.К