Да бидам со Бобо и Ада повеќе: Шекеринска искрено и празнично

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Радмила Шекеринска е министер за одбрана и е меѓу најмоќните политичари во земјава. Македонија во 2020, година исклучително тешка поради пандемијата на коронавирусот, стана полноправна членка на НАТО. „После речиси 30 години маратон во кој понекогаш губевме надеж и здив, успеавме да стигнеме до целта и да покажеме конкретен резултат, вели министерката. За следната година очекува уште подобри резултати од спроведените реформи, а приватно освен добро здравје посакува да биде повеќе со сопругот и ќерката, помалку на телефон или на зум.

Светот е обединет во една желба за 2021 година – а тоа е да го зачуваме здравјето и да ја оставиме пандемијата зад нас. Тоа е и мојата желба, за да можеме сами да си ја „сработиме среќата“ во следната година.

Ќе ја паметам 2020 година како година во која жнееш тоа што си посеал. 

За одбраната и за мене лично, ова беше година во која ги забележавме најголемите успеси.


Продолжува на Фактор.мк