„Дадов пример пред неколку години, а сега го следат колешките“: За стилот со Кристина Димитри

Добивај вести на Viber

На јавноста и е позната како поранешна манекена и поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски. Но кога манекенкста кариера ја замени со пејачка, тетовката Кристина Димитри заслужено се избори за свое место под естрадното небо.

Со провокативниот изглед и искреноста Кристина ја освои публиката, па така и стана интересна и за медиумите поради нејзините „без влакна на јазик“ ијзави.

Во Женски магазин зборувавме за нејзиниот стил. Со куси и интересни прашања Кристина откри неколку интересни факти за себе, кои можеби не сте ги знаеле.

Кристина Димитри е позната на јавноста како поранешна манекенка и поранешна сопруга на популарниот пејач Даниел Кајмакоски. Кога и здодеа од нејзината манекенска кариера, Кристина реши да направи храбар потег и ја замени со пејачка кариера. Своето место под естрадното небо го заслужи благодарение на уникатниот стил и харизмата која ја покажува на сцена.

Провокативниот изглед и искреноста на Кристина ја направија вистински феномен во јавноста, а медиумите не можат да ја избегнат поради нејзините „без влакна на јазик“ изјави. Таа не се плаши да зборува отворено и директно, што и донесе популарност и привлекување на вниманието на публиката.

Во најновото интервју за Женски Магазин, Кристина Димитри откри интересни детали за својот стил и живот. Со кратки, пејачката откри неколку факти за неа, кои можеби не сте ги знаеле за неа.

Изгледа дека нејзината искреност и стил ќе продолжат да бидат одлика која ја прави препознатлива на естрадата, а Кристина Димитри нема намера да запре во својата кариера.

*Дефиниција за стил?

-Модата  е личен израз и сметам дека секогаш секој треба да се потруди да го пронајде својот стил . Всушност преку гардеробата да го искаже својот карактер.

*А, Вие стилски се дефинирате како...

-Удобност и стил во едно. А за јавни појавувања нема лимит во стилизирањето. 

*Што е пресудно за добар стил?

-За добар стил е пресудно, пред се да знаете да го претставите тоа што го носите и да се усогласи со вашиот карактер.

*Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?

-Камелеон секогаш.

*Минимализам, хедонизам, авангарда?

-Од минимализам до гламур!

*Гламур или класика?

-Долна облека.

*Омилени нешта од вашата облека?

-Преферирам да носам се што знам да го претставам. Се додека вие ја носите гардеробата,  а не она вас. На прав пат сте.

* Што сакате да постигнете со вашиот стил?

- Да дадам пример ...Како што и  го покажав тоа  пред неколку години ..а сега го следат колешките, а тоа е на сцена сценски, а не што ке кажат другите.

* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?

-Прво су ме пљували, а сад ми форе краду.

* На кој дизајнер би му дозволиле да ти го преуреди гардероберот?

-Еден и единствен...Наш а светски ! - Златко Јовановски - ЈзЈ.

* Што облекувате денски, а што навечер?

-Денски (хеланки секогаш), навечер зависи од приликата.

* Дали експериметирате со косата и шминката?

-Апсолутно да! 

* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед?

- Пред се нега.

Г.Д.Г