Дали добивте втора мајка или жена која се меша во вашиот живот: Каква ви е свекрвата според хороскопот?
Вага - сака комплименти и убави подароци
Свекрвата од овој знак сигурно ќе ве размази. Ќе знае да ви удоволи на сите начини, но и ќе си даде доволно време за да ве запознае подобро. Ќе знае точно на што сте „слаби“ и во моментите кога ќе имате несогласувања тоа ќе го искористи како оружје против вас. Немојте да и замерувате. Таа не сака кавги и груби зборови, поради што со неа секогаш разговарајте убаво и не го зголемувајте тонот на гласот. Обожува комплименти и подароци, убаво цвеќе или козметика - па не штедете на тоа кога ќе сакате да ја израдувате.
Шкорпија - ги знае сите ваши слабости
Остра е на јазик и директна, но не е лоша, што не значи дека не може и да стане. Доколку нешто ви замери, тоа и ќе ви го каже без оглед на тоа колку ве боли тоа. Таа не сака да заобиколува, озборува и да губи време, па така веднаш ќе ви даде до знаење дека сака да има искрен и отворен однос со вас. Немојте да криете ништо од неа, бидејќи совршено ќе прочита секоја ваша скриена мисла или намера. Доолку ве сака во неа ќе најдете голем пријател, но доколку има нешто против вас, вашиот однос многу лесно може да се претвори во борбено поле.