Дали добивте втора мајка или жена која се меша во вашиот живот: Каква ви е свекрвата според хороскопот?
Лав - дарежлива, но многу горда
Свекрвата од овој знак ќе ви се допадне на прв поглед, бидејќи нејзиниот оптимизам и дарежливост се заразни. Цела куќа ќе биде исполнета со нејзината позитивна енергија и заразна насмевка. Ќе ве охрабри и поттикне кога ќе потклекнете и често ќе ви дава душевна храна. Ќе ви даде с ешто има, но не играјте си со нејзината гордост.
Девица - често наоѓа замерки и критикува
Од вас ќе очекува уредност и педантност бидејќи свекрвите со овој знак се жени кои се држат до чистотата. Ќе оди по вас и со прстот ќе покажува во валканите делови од домот, а ќе ви наоѓа замерки и во готвењето, чистењето или пак во тоа како се облекувате. Често знае да биде ситничар и приговори, но вистина е дека всушност сака да помогне, упати на некои грешки и да ве научи и да ви даде добар совет за ваше добро.