Зошто Роналдо никогаш не се ожени со Ирина: Ужасен потег по кој ништо повеќе не беше исто

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо и славната манекенка Ирина Шајк важеа за еден од најгламурозните парови во светот – млади, успешни, атрактивни и богати.
Многумина очекуваа дека венчавката е само прашање на време, но наместо тоа следеше неочекуван и бурен крај на нивната петгодишна врска.
Почеток на врската
Двојката се запознала на снимање за модната куќа „Armani“. Искрите меѓу нив се појавиле веднаш и било очигледно дека не станува збор за кратка авантура, туку за сериозна врска. И двајцата потекнуваат од скромни, работнички семејства и со голем труд и талент стигнале до светската слава.
Првите проблеми – различни животни планови
Иако изгледаа совршено заедно, во позадина почнале да се појавуваат разлики во поглед на иднината. Роналдо сакал да ја прошири својата семејна приказна и неговиот син да расте со мајчинска фигура во домот. Се надевал дека Ирина ќе ја прифати оваа улога, но таа била целосно посветена на својата кариера и честите патувања низ светот.
Според извори блиски до двојката, Ирина никогаш не покажала посебно интересирање за синот на Роналдо, што дополнително ја зголемило дистанцата меѓу нив.
Најголемиот судир – односот со мајката на Роналдо
Главниот камен на сопнување во врската, според медиумските извештаи, бил односот на Ирина со мајката на Кристијано – Марија Долорес дос Сантос Авеира. За Роналдо, неговата мајка има пресудно значење, бидејќи таа се жртвувала цел живот за него и неговите браќа и сестри, работела ден и ноќ за да му овозможи да започне фудбалска кариера.
Проблемите кулминирале кога Ирина одбила да присуствува на роденденската забава - изненадување за мајката на Роналдо во неговата родна Мадеира. Иако парот непосредно пред тоа го прослави Божиќ во Дубаи, фудбалерот сакал за роденденот да биде со мајка му. Одбивањето на Ирина и наводните негативни коментари за Долорес предизвикале голема расправија.
Капката што ја прелеа чашата
Како што открил тогаш извор близок до Роналдо, кавгите околу односот со мајка му траеле со месеци, но инцидентот со роденденот бил крајната точка. „Ирина лошо зборувала за Долорес, а Роналдо ја одбра страната на својата мајка“, изјавил изворот.
Веднаш по тоа, парот се разделил, ставајќи крај на една врска која долго време беше под светлата на јавноста.
Приказната на Кристијано Роналдо и Ирина Шајк е пример како, и покрај љубовта, гламурот и заедничките вредности, разликите во животните приоритети и односите со семејството можат да ја срушат и најсовршената романса.
За Роналдо, семејството – особено мајка му – останува неприкосновен приоритет, што на крајот ја одреди судбината на неговата врска со Ирина.
Извор: Мондо