Македонците имаат пари само за јадење и за по некое сокче: Забележано зголемување на трошоците за живот во 2025 во овие сфери

Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2025 година, најголем пораст на индексите за трошоци на живот и малопродажни цени бил забележан во групата „храна и безалкохолни пијалаци“.
Според податоци од јануари 2025, цените на мало се зголемиле за 5,2 %, додека трошоците на живот пораснале за 4,9 % на годишно ниво
Во месеците кои следеле, ДЗС нотира дека цената на безалкохолните пијалоци бележи најголем пораст — 16,2 % во споредба со истиот месец лани.
Ова укажува дека токму овие производи го предводат трендот на поскапување кај граѓаните.
Дополнителен увид нуди и март 2025: во споредба со март 2024, индексот на трошоците на живот е зголемен за 2,7 %, а цените на мало за 2,2 %, при што најголемо зголемување имало токму кај „храна и безалкохолни пијалаци“.
Мај 2025 го потврдува трендот: просечната месечна инфлација (мерена преку индексот на трошоците на живот) е 1,5 % во споредба со април 2025. Групата со најдиректен придонес кон тоа зголемување останува „храна и безалкохолни пијалаци“ со пораст од 4,1 %
Дополнително, и индексот на цените на мало покажува поскапување: земјоделски производи (+7,6 %), прехранбени производи (+5,3 %) и индустриско-прехранбени производи (+4,5 %)
Граѓаните на Македонија во 2025 година најмногу потрошиле повеќе пари за храна и безалкохолни пијалаци, кои покажуваат најдрастичен пораст во цените – особено безалкохолните пијалаци.
Овој тренд се рефлектира преку високиот годишен пораст на индексот на малопродажни цени, но и на индексот на трошоците на живот.
ДЗС/РЖМ