Романтично запросување на Острог: Зошто изговореното „ДА“ на свети места има посебно значење?!

Романтичните запросувања под манастирот „Св. Василије Острошки“ не се ретка појава, а последната фотографија објавена на официјалната Фејсбук страница на манастирот уште еднаш ја потврди оваа традиција.
На неа се гледа пар кој го запечатува својот момент токму во дворот на ова свето место, каде младоженецот ја побарал раката на својата избраничка.
Сѐ повеќе млади парови во последно време се одлучуваат да ги организираат своите веридби токму во дворовите на цркви и манастири.
Причината, според верниците, е во длабоката духовна симболика што ја носи ваквиот чин. Со амин на светецот, веруваат тие, љубовта ќе биде вечна, благословена и заштитена од сите искушенија што ги носи животот.
Дадениот збор на свето место, велат, има поголема тежина и создава чувство на одговорност и посветеност. Освен духовниот аспект, ваквите запросувања носат и посебна емоционална димензија – спојување на љубовта со верата, со што се гради темел врз кој двојките го започнуваат заедничкиот живот.
Манастирот „Св. Василије Острошки“ веќе одамна е познат како место на чудотворни исцелувања и исполнети молитви, па не е изненадување што токму таму многумина го избираат моментот за почеток на ново, заедничко поглавје. За нив, тоа не е само романтичен гест, туку духовен завет.
РЖМ / МСК