Даниел Кајмакоски прослави роденден: „Убаво старееш, не грижи се“ – порака од сопругата Марина

Популарниот пејач и музичар Даниел Кајмакоски вчера го прослави својот 42-ри роденден, а меѓу највпечатливите моменти од денот беше топлата, емотивна порака од неговата сопруга Марина, која преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на начин што стопли многу срца.
„Сакан мој, биди здрав и среќен, радувај се, смеј се, уживај во животот, биди добро. И едно знај – зад себе не имаш нас четворица кои те обожаваме, секој ден те очекуваме и ужасно ни недостигаш кога не си тука. Едвај чекам да видам што убаво ќе ни донесе понатаму животот. Среќен роденден. П.С – Убаво старееш, не се грижи“, напиша Марина, искрено и со љубов, оставајќи порака која многумина ја доживеаја како пример за посветеност и семејна блискост.
Даниел и Марина важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена. Заедно ги имаат синот Стефан и ќерката Емилија, и не кријат колку е важна поддршката во нивното секојдневие – како родители, партнери, но и како професионалци кои се посветени на своите кариери.
Често споделуваат моменти од семејниот живот – од патувања, роденденски прослави, до мали секојдневни радости и предизвици со децата. Она што најмногу плени кај нив е искреноста, спонтаноста и љубовта која безрезервно ја покажуваат еден кон друг.
Роденденската честитка од Марина е само уште еден доказ за нивната длабока поврзаност – љубов која не познава сцена, слава или време.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм