Нов трофеј за ѕвездата на „Гранд“: Ваков улов не се случува секој ден!

Добивај вести на Viber

**Александар Јосифовски се пофали со успешен лов: Голема риба – уште поголема насмевка!**

Поранешниот финалист на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски, повторно го привлече вниманието на јавноста – овој пат не со песна, туку со рибарски успех!

Имено, талентираниот пејач, кој во шоуто беше под менторство на Ѓорѓе Давид, на својот Фејсбук профил објави фотографија од последниот рекреативен лов, каде со гордост позира со голема риба од неколку килограми. Според описот на објавата, риболовот бил повеќе од успешен – Александар не само што уживал во природата, туку и се вратил дома со вистински улов.

„Подарог од Господ“, напиша пејачот на фотографиите.


Само неколку часа пред рибата да заврши како вкусен оброк на трпеза, Александар направил неколку фотографии.

Инаку, Александар е познат како љубител на риболовот, кој често го практикува како начин за релаксација од динамичниот музички живот. Овојпат, неговата страст му донесе и вкусен резултат, но и позитивни реакции од следбениците на социјалните мрежи.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук