Семејна радост: Јордан Митев слави 2 години од раѓањето на малата принцеза Кристина

Пејачот на народна музика Јордан Митев го прослави вториот роденден на својата ќерка Кристина, споделувајќи емотивна порака и фотографија во розови нијанси која ја стопли срцата на неговите следбеници на социјалните мрежи.
„Како вчера да се роди, а веќе поминаа две години. Среќен роденден ќерко моја! Биди здрава и жива, Господ секогаш нека биде со тебе и нека ти ја подари сета убавина, радост и среќа на овој свет, а јас ќе направам сè што можам за тебе,“ напиша Митев под фотографијата, која зрачи со нежност и семејна топлина.
Пејачот и неговата сопруга Славица не го кријат своето семејно богатство, а малата Кристина неодамна доби и братче — Кристијан. Радосната вест за неговото раѓање стигна токму на големиот христијански празник Крстовден, симболично заокружувајќи уште едно значајно поглавје во животот на ова семејство.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук