„Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“: Лозано со емотивна објава за првиот роденден на синот

Добивај вести на Viber

**Влатко Лозаноски има голема причина за славење – неговиот син Марко наполни една година!**

Македонскиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано денес има особено емотивна причина за славење. Неговиот син Марко, кој го доби во тајност и далеку од очите на јавноста, денес го прославува својот прв роденден.

По цела година молк, без фотографии, интервјуа или јавни објави, Лозано конечно сподели мал, но значаен момент од неговиот приватен живот. На својот Инстаграм профил објави фотографија од малиот Марко, придружена со топла порака:

„Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка. Да си ни жив, здрав, секогаш среќен и весел синко мој. Те сакаме“, напиша Лозано.

Веста за раѓањето на Марко во октомври минатата година беше позната само преку неофицијални извори, додека самиот Лозано одлучи радоста од татковството да ја задржи за себе и за најблиските.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм