Диско стилот на Амал Клуни го осветли и езерото Комо! За романтичната вечера го чуваше овој фустан и направи полн погодок

Сопругата на Џорџ Клуни се појави на езерото Комо во гламурозно издание кое потсетува на најубавите креации од црвениот тепих.
Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал секое лето го поминуваат на езерото Комо, каде што имаат вила од 18 век.
Таму поминуваат пријатно време со своето семејство и ги полнат батериите, а оваа година не беше исклучок.
Неодамна ја искористија можноста да го посетат едно од нивните омилени места за ноќни излегувања, Гранд Хотел Тремеко.
Во својот омилен ресторан пристигнаа со водно такси, а сите го забележаа „диско“ стилот на Амал Клуни, која изгледаше како да пристигнала директно од црвениот тепих.
Адвокатката, која е позната по своите беспрекорни модни изданија, се одлучи за фустан со светки кој веднаш го привлече вниманието на присутните и ги украде сите погледи.
Асиметричниот фустан со едно рамо и должина до колена е од Badgley Mischka и моментално се продава по цена од околу 330 долари.
Целосно е покриен со светки, додека на рабовите има сребрени реси, што му дава на целото модно издание уште поголема живост и разиграност.
Впечатливиот фустан блескаше уште повеќе навечер на езерото Комо и му овозможи најубава глетка на познатиот актер пред крајот на денот.
Со овој диско фустан, Амал Клуни комбинираше пар сребрени чевли со ременчиња, гламурозни висечки обетки и минијатурна чанта.
И секако, ниту едно од нејзините модни изданија не би било комплетно без нејзините опуштени бранови „од плажа“ кои можеби ја „смирија“ целата модна комбинација.
Нејзиниот сопруг, Џорџ Клуни, за оваа пригода избра многу полежерен стил.
ФОТО: Пинтскрин инстаграм