Државната советничка во Мин. за здравство - Сања Саздовска: „Сите сме потенцијални пациенти, а во нашето здравство треба да се воведат многу промени“

Добивај вести на Viber

Сања Саздовска е државна советничка во Министерство за здравство и доцент на УКЛО, техничко-технолошки факултет во Велес. 

Неодамна се врати од меѓународна доквалификација во САД, каде собра голем број искуства и практики со цел да ги пренесе во Министерството за здравство во насока на унапредување на женското здравје. 

Нејзиниот главен фокус се брз и ефикасен пристап до здравствените услуги, уважување на медицинските сестри како првиот медицински столб со кој пациентот има контакт, но и ревреднување на позицијата на пациентот. 

Превенција, дигитализација и брза и ефикасна размена на информации со медицинските служби. 

Во разговор за „Женски магазин“, Саздовска откри дека женското, како и машкото здравје сѐ уште се сметаат за табу, а тоа создава културна дистанца која може да нѐ чини здравје. „Секој од нас е потенцијален пациент“, а грижата за здравјето почнува со превенцијата, потенцира Саздовска. 


Целиот разговор можете да го погледнете во продолжение: