Едноставно и евтино: Сами направете таблета за машина за садови
Англичанка откри како можете да направите таблети за миење
садови со само три состојки. Постапката е едноставна и евтина.
Британката, која се претставува како „Mrs D (Госпоѓа Д)“ на Инстаграм, користеше комбинација на сода бикарбона, лимонска киселина и течност за миење садови за да направи домашна таблета за машина за миење садови.
Таа користи 1 чаша сода бикарбона, 1/4 чаша лимонска киселина и 1 лажица течност за миење садови.
„Измешајте сè заедно и подготвено е да се истури во силиконски калапи. Оставете да отстои најмалку четири часа, ако е можно преку ноќ. Така ги правите вашите таблети за машина за миење садови “, напиша таа покрај својот пост на Инстаграм.
Таа додаде дека таблетите ќе се стегнат и надвор од фрижидерот, но дека за тоа ќе им е потребно подолго време. Таа вели дека оваа мешавина е доволна за 18 или 19 таблети.
Фото и Видео: Инстаграм/mrs.ds.cleaning.reviews
Можеби ќе ве интересира: