ЕКСКЛУЗИВНА ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНАТА „LA SCOLCA“ И ГАСТРОНОМСКО УЖИВАЊЕ ВО РЕСТОРАНОТ „САЛВАТОРЕ“

Компанијата „Алхемист“ и италијанскиот ресторан „Салваторе“ со задоволство ви најавуваат ексклузивенWine Tasting & Food Pairing настан, кој ќе го спои најдоброто од италијанската кујна и винска традиција. Настанот ќе се одржи на 3 октомври (петок), со почеток во 19:30 часот, во уникатниот амбиент на ресторанот „Салваторе“.
За време на дегустацијата, гостите ќе имаат можност да се запознаат со винаријата „La Scolca“ и да уживаат во вкусовите на престижните вина :Gavi dei Gavi White Label, Gavi dei Gavi Black Label, Gavi dei Gavi Gold EditionиSpumante Metodo Classico Brut.
Специјален гостин на вечерта ќе биде Киара Солдати, сопственичка и амбасадор на винаријата „La Scolca“, којаќе ги презентиравинските етикети и ќе ја сподели приказната за традицијата на винаријата, основана во 1919 година.
Посебен белег на настанот ќе даде присуството на Јадранка Клариќ Кимовска, вински експерт која со поздравен говор ќе го отвори официјалниот дел од настанот. За гастрономското уживање ќе се погрижи шеф Џовани, главниот готвач на „Салваторе“, кој за овој настан создаде уникатно мени со италијански специјалитети кои совршено се вклопуваат со вкусот на вината „La Scolca“. За комплетно уживање во италијанската култура и традиција ќе придонесат и звуците на италијанската музика, создавајќи вистинска магија за сите сетила.
Винаријата „La Scolca“ е една од најдобрите италијански винарии, со традиција долга 106 години. Нејзините вина се достапни во 60 земји низ светот, се служат во најпрестижните светски хотели и ресторани како Soho House, Cecconi's, Zuma, Cipriani и се присутни секаде каде се слави италијанскиот стил на живот.Том Круз, Колин Фирт, Елтон Џон, Стинг, членовите на AC/DC, Дензел Вашингтон се дел од познатите личности кои се запишани во историјата на La Scolca, како љубители на вкусовите на нивните вина.
Бидете дел од ексклузивниот настан и почувствувајте го магичниот спој на италијанската храна и култните вина на винаријата „La Scolca“. Бројот на гостите е ограничен, а заинтересираните лица може да го резервираат своето присуство на телефонскиот број 070/356 258, најдоцна до 22 септември.