Ставете ловоров лист во вашиот паричник и гледајте како се случува чудо: Се верува дека повеќе нема да мора да се грижите за едно нешто
Со оглед на тоа што ловоровиот лист се смета за симбол на среќа и просперитет во многу култури, народното верување препорачува да го носите во паричникот за да привлечете среќа и финансиска добивка.
Ловорот е препознатлив по своите лисја, кои често се користат како зачин во кујната, а со векови се поврзува со финансиска благосостојба. Во многу традиции, се смета за симбол на успех, изобилство и добра енергија. Можеби затоа често се споменува како растение кое носи среќа, особено во материјална смисла.
Некои луѓе веруваат дека носењето ловоров лист во џеб или паричник може да привлече позитивна финансиска енергија и просперитет. Се смета дека неговиот мирис ги одбива и лошите вибрации и помага во зачувувањето на богатството.
Според некои тврдења, оваа практика датира од времето на пиратите, кои верувале дека ловоровите лисја можат да ја избркаат лошата среќа. Други веруваат дека станува збор за понов обичај започнат од имигрантите, кои пристигнале во Америка само со облека на себе и неколку ловорови лисја во џебовите - како амајлии.
Со текот на времето, оваа традиција се развила, па денес ловоровиот лист се повеќе се користи како симбол на заштита од зли сили и лоша среќа. Во многу култури, се верува и дека ловоровиот лист во паричник го штити човекот од негативни влијанија и му помага да го задржи она што го има.
Фото: Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs