На Иван му биле потребни 24 години да си го најде братот жив, откако им кажале дека починал на породување: Бил даден на посвојување во албанско семејство
На Иван Миљковиќ (38) од Свилајнац му биле потребни дури 24 години за да го пронајде својот брат близнак, кој по раѓањето бил прогласен за мртов. Како што раскажува за „Блиц“, приказната започнува на 7 мај 1979 година, кога тој и брат му Ненад се родиле здрави во болницата во Свилајнац, но истиот ден без знаење на нивната мајка биле пренесени во Институтот за неонатологија во Белград.
Веќе следниот ден, на неговиот татко му било кажано дека едното дете починало, а другото е во критична состојба.
Семејството никогаш не добило потврда за смртта, а сомнежите започнале по гледање на телевизиска емисија со слична приказна. Во потрагата по вистината откриле дека нема никаква медицинска документација, ниту запис за погреб.
Наместо името на Ненад, во книгата на државјани во Свилајнац било запишано друго име, со матичен број што припаѓа на Косовска Митровица.
Со помош на пријатели од МВР, Иван дознал дека брат му бил посвоен од албанско католичко семејство на Косово и подоцна се преселил во Белград. По две години потрага, успеал да го најде и да стапи во контакт со него. Кога се сретнале, било очигледно дека се идентични. ДНК тестот само ја потврдил вистината – дека се браќа близнаци.
Иван поднел низа кривични пријави против вработени во болниците и институциите, но предметот бил отфрлен како „застарен“. Случајот сега се наоѓа во Специјалното обвинителство за организиран криминал.
Фото извор: Meta