Ема се разведе и го смени својот личен опис за една година: Грижејќи се за другите, се запоставив себеси - сега е мој ред

Добивај вести на Viber

Ема Шепард (42) од Велика Британија покажа дека лошата врска или брак може да има последици врз психолошката состојба на човекот, но и дека може да влијае на изгледот.

Ема се разведе пред една година по 20 години брак. За жал, тоа време за Ема не беше исполнето со среќа и таа откри дека недостатокот на време да се грижи за себе правеше да се чувствува длабоко несреќно, што на крајот се одрази на нејзиниот изглед.

Две години подоцна, животот на Британката, која по професија е социјален работник, доживеа пресврт. Мајката на две деца се посвети на себе и денес изгледа многу подобро. Почнала да оди во теретана, престанала да јаде нездрава храна, отворила профил на Тиндер и повторно излегува со мажи.

„Порано секогаш гледав само да работам и да се грижам за сите други. Но, еден ден, откако се разведов, сфатив дека е мој ред. Изгледав старо, празно и ослабено, но сега го живеам мојот најдобар живот. Се чувствувам неверојатно. Убавината навистина доаѓа од внатре“, изјавила Ема за странските медиуми.

Ема се омажила релативно млада, на 22 години и на почетокот мислела дека има се што ќе ја направи среќна.

"Се омажив за цел живот. Тоа беше тој, децата и работата. Се чувствував како да го сонувам сето тоа", рекла таа.

Но, бракот на Ема и нејзиниот сопруг почна да пропаѓа пред неколку години, па тој се оддалечи од дома. На крајот на 2021 година, разводот беше финализиран.
„Беше навистина лошо откако си замина, ме скрши. Се чувствував безвредно. Имав напади на паника и немав самодоверба. Само преживував и работев да ги платам сметките. Еден ден се разбудив и сфатив дека морам да го променам мојот живот“, рече Ема.

Почнала да оди во теретана пет пати неделно и го променила начинот на исхрана. Брзите и нездрави оброци ги заменила со многу поздрава храна. Облеката во темни бои ја заменила со весела.

"Сега сè за мене е сосема поинаку. Луѓето велат дека изгледам неверојатно, а мислам дека тоа е затоа што одвнатре сум толку среќна. Најчудно е што навистина верував дека сум среќна во бракот", објаснува Ема. Ема е свесна дека е само на почеток и дека ја чекаат уште многу убави работи. Во моментов нема нов партнер, но не ја затворила вратата на таа опција.

извор;najzena