Еве како Сека Алексиќ подготвува ајвар: Една половина за зимница, друга за салата!(ФОТО)

Добивај вести на Viber

Бидејќи пејачката има своја градина, односно расад, а во дворот чува кокошки и друга живина, собира јајца и кога е дома на своите најблиски им приготвува највкусни јадења од органски и природни состојки, беше само прашање на време кога ќе се пофали на Инстаграм и ќе спомене кисела зелка, краставички, карфиол, моркови, печени и лупени пиперки, а потоа и ајвар и џем.

Фотографијата која минатата година ја објави на својот профил, и без многу зборови, најави дека зимницата на Сека тогаш веќе се подготвувала, па таа и сопругот Велјко Пиљкиќ започнале од пиперките.

Instagram

Црвените пиперки ги измија и исчистија, потоа ги испекоа за полесно да ја излупат лушпата, а од нив дел подготвија салата со лук, дел ги оставија за ајвар.

Се верува дека овие денови пејачката повторно ќе ја врзе престилката и во пресрет на крсната слава и новогодишните празници ќе спреми најразлични деликатеси, кои ќе бидат готови токму околу Божиќ.

Тешко е да се поверува дека пејачка која живее во луксузна вила на три ката со базен, опкружена со палми и скапоцени растенија, лично се занимава со зимница – но тоа е вистината.

Нејзината домашна помошничка еднаш откри дека Сека рамноправно со неа ги обавува сите домашни обврски, подготвува по неколку јадења на ден и секогаш ги исполнува слатките желби на своите синови Јован и Јаков.

Без сомнение, ѕвездата и сопственичка на бројни хитови е домаќинка за пример, а славата и богатството не ја одвоија од вистинските семејни вредности.

Извор