Европол објави: Повеќе случаи на злоупотреба на деца на интернет поради пандемијата

Добивај вести на Viber

Европската полициска агенција - Европол објави дека е зголемен бројот на случаи на злоупотреба на деца, за време на пандемијата.

Според директорката на Европол, Катерина де Бол од почетокот на пандемијата на коронавирус, сторителите пребаруваат многу поинтензивно на интернет.

Според неа, по затварањето дома поради карантинот децата повеќе време поминуваат на интернет, и затоа е поголема веројатноста сторителите да се обидат да стапат во директен контакт со децата, особено со оние кои се без надзор.


Фото: фактор.мк