Фенг Шуи амајлија за среќа

Добивај вести на Viber

Постојат многу верувања за предмети кои носат среќа како што се детелината со четири листа, потковица, клуч, зајачко опавче и многу други предмети, кои луѓето ги носат и ги сметаат за свои среќни амајлии. Според фенг шуи можете да ги искористите мал буда, златна жаба, паричка, клуч, мистичен чвор, слонче, потковица и слично. Тоа може да биде ставено на метална алка како приврзок или пак на црвен конец, но може и црвени реси. Можете да се обидете и да испробате да направите една ваква амајлија. Јас избрав парички, клуч и потковица. Останат потребен материјал е црвен мазен конец и монистра.


Првиот чекор е правење на ресичка. Од мазниот црвен конец намотајте сноп со одредена дебелина. Потоа на едниот крај намотајте конец и заврзете го, а другиот крај со ножички засечете го, со што ќе се добие убава мазна ресичка.


Следниот чекор е редењето на елементите кои ги избравте, во мојот случај: монистата, паричката, потковицата и клучот. Врзете ги со конец да висат на ресичката.


Со тоа добив неколку типа на амајлии. Можете да додавате монистра во боја или метална како и други елементи кои би одговарале на амајлијата. Закачете ја некаде во домот или пак носете ја со вас како приврзок на клучевите, тоа сигурно ќе ви помогне да ја привлечете среќата.


За Женски магазин, идеите ги прави Ана Јордановска