Убавина однатре и однадвор: Herbalife ги лансираше производите од линијата HL/Skin заснована на јужнокорејска наука и Collagen Skin Booster

Добивај вести на Viber

Во светот на нега на кожата, иновациите брзо доаѓаат – но, ретко се случува така успешно да се комбинираат науката, технологијата и реалните потреби на клиентите, како што тоа го прават двете најнови иновации на Herbalife: линијата HL/Skin и Collagen Skin Booster, кои од сега може да се купат и во Македонија.

HL/Skin – науката во служба на убавината

HL/Skin е нова линија производи за нега на кожата, развиена во соработка со врвни стручњаци од Јужна Кореја. Линијата опфаќа пет внимателно формулирани производи во три категории: сјајна и блескава кожа, здраво стареење и влажност и хидрација. Состојките, како што се ниацинамид, аденозин и сквалан, делуваат на најчестите предизвици во нега на кожата.

Линијата HL/Skin ја прави посебна и AI алатката за анализа на кожата, што за помалку од една минута дава индивидуализирани препораки и овозможува следење на напредокот со текот на времето – идеална за клиенти што сакаат да постигнат конкретни резултати. Оваа бесплатна услуга може да се користи преку независни Herbalife Дистрибутери.

Collagen Skin Booster – нега на кожата однатре

За клиентите што сакаат дополнителна поддршка однатре, овде е Collagen Skin Booster – напиток што содржи пептиди на колаген Verisol® P, за кои е научно докажано дека ги намалуваат брчките околу очите и ја подобруваат еластичноста на кожата по четири недели. По редовна употреба во период од три месеци, се забележува и намалување на видливите знаци на целулит.

Покрај колаген, производот е богат со клучни витамини (А, Ц, Е, ниацин, биотин) и минерали (цинк, селен, бакар, јод) и има освежителен вкус на јагода и лимон. Ова е нискокалоричен напиток, не содржи глутен и лесно се приготвува – само додајте една мерица во 250 ml вода.

Производите од линијата HL/Skin и Collagen Skin Booster може да ги купите преку независни Herbalife Дистрибутери во Македонија. Повеќе информации за производите, за состојките и за корисните ефекти може да најдете на официјалната Herbalife веб-страница: https://www.herbalife.com/mk-mk/u/products/collagen-skin-booster-strawberry-lemon-171g-076k

ПР Објава