(ФОТО) Хит јакна за зимската сезона: Удобна, топла и совршена за секоја стилска комбинација

Импресивни модели на јакни
Спортската „пуф“ јакна е број 1 модел за претстојната зима, а освен со секојдневните лежерни аутфити, изгледа одлично и со некои вечерни, пофини парчиња.
Што се однесува до кроевите, најпопуларни се моделите со шавови на сјајна текстура кои изгледаат футуристички.
Едно вакво тренди парче од брендот Super Dry, чини 10.490 денари. Јакната ја има во повеќе бои, таа е неверојатно мека и со врвен квалитет.
Колку јакната е помасивна, толку е поатрактивна и се носи во сите можни бои, од црна до најсветлите пастелни бои.
Во зелени тонови, предимензионираната јакна станува симбол на урбана комбинација, а интересна е и во варијанта со вртоглаво високи потпетици.
Металик јакната ќе изгледа супер гламурозно, а во моментов се смета за модел кој оди со апсолутно сè.
Фото: Инстаграм / Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Топ тренд сезонава: Со овие чизми секој стајлинг изгледа моќно!