(ФОТО) Игор објави доказ дека не е со Северина: Откри каде патувал оваа празнична сезона
Игор Којиќ на Инстаграм откри дека патувал во
Ливерпул и дека не ги поминува празниците со сопругата Северина
Пејачката Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33) дефинитивно не ги поминуваат празниците заедно.
Ова на својот Инстаграм профил, преку стори објава го потврди Игор кој, откако објави фотографија од авионот, откри и каде патувал, оддалечен километри од сопругата.
Којиќ објави фотографии од Ливерпул од фудбалскиот стадион „Енфилд“, а поранешниот фудбалер отиде во живо да го гледа натпреварот на Ливерпул против Вест Бром.
На католички Божиќ, Северина на својот Инстаграм откри дека празниците ги поминува со нејзиниот син Александар, а додека Игор летал за Англија, објави и видео со кое потврдува дека не е со него.
Ова на својот Инстаграм го потврди Игор кој, откако објави фотографија од авионот, откри и каде патувал.
За разводот на Северина и Игор се шпекулира со месеци, а парот долго време не објавуваше заедничка фотографија на социјалните мрежи.
За гласините придонесоа и написите во српските медиуми кои за Северина во ноември пишуваа дека таа е во врска со 10 години помладиот производителот на вино Томислав Воштиниќ. Но, ПР тимот на Северина потврди дека тие биле само пријатели.
За сè зборуваше и таткото на Игор, коментирајќи ја нивната врска за српскиот Ало во октомври.
Не знам каде се, ниту знам каква е нивната врска. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат, и тие секогаш знаеја што да прават “, рече тогаш Кеба.
Фото: Инстаграм/igorkojic
Можеби ќе ве интересира:
Свекорот на Северина со тешко срце призна: Не разговарам со Северина и Игор