(ФОТО) Има 178.000 следбеници, а само 88 гласа: Политичарката со најголеми гради на Балканот е дама со желба за успех и стил

Инфлуенсерката Емина Јахиќ беше кандидатка на Демократскиот фронт за градскиот совет во Тузла, но иако има 178.000 следбеници на Инстаграм, само 88 луѓе гласаа за неа на изборите.
Нејзината кандидатура предизвика големо внимание, а медиумите објавија дека девојче од Тузла оди на избори со 170.000 следбеници. Иако некои очекуваа таа да влезе во Градскиот совет со ваква навивачка база, се покажа дека само 88 лица ја поддржуваат, пишува „Дневни аваз“.
„Еден од проблемите на кои сакам да се фокусирам, со кој се соочуваат повеќето луѓе, е стекнување на прво работно искуство како предуслов за понатамошно вработување. Во наредниот период, сакам да ги слушнам вашите проблеми и предлози да работиме заедно во борбата за нашите права и да ја подобриме положбата во општетсвото. Покрај тоа, ќе работам на подобрување на условите за живот на сите нас во локалните заедници кои припаѓаат на градот Тузла и со ваша помош ќе ја направиме нашата Тузла подобро место за живеење “, рече Емина пред изборите.
Судејќи по нејзиниот физички изглед, младата девојка го доби епитетот „политичарка со најголеми гради“ на Балканот.
На неугледните прашања во врска со тоа дали би ѝ пречело ако ја гласаат заради физичкиот изглед, оваа тренди девојка со желба за успех даде моќен одговор:
„Замислете истото прашање да ѝ се постави на докторка, која специјализирала онкологија. Дали кај неа доаѓаат заради изгледот или затоа што е посветена на својата работа?“