(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ пред да се омажи за Новак: Eкстремнa променa или скромен изглед
Додека некои мислат дека денес изгледа поубаво отколку во младоста, други велат дека „ја изгубила свежината“.
Сопругата на најдобриот српски тенисер и директорка на фондацијата Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ е една од најпознатите жени во Србија од 2014 година, кога се омажи за Новак. Сепак, оттогаш, нејзиниот животен стил подеднакво го привлекува вниманието на јавноста.
Имено, Јелена со години е на диета на растителна основа, а на својот профил на Инстаграм често споделува совети и рецепти за оброците што ги консумира секој ден. Покрај тоа, уште во април, во вклучување во живо на Инстаграм, таа откри дека и нивните деца се хранат на растителна основа.
- Стефан имаше нормална диета со месо и риба првата година и половина, а потоа се префрли на храна од растителна основа и е многу добр и многу здрав, а Тара е од почеток само на храна од растителна основа, фала му на Бога што никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје. Децата се целосно на растителна диета, без никакви проблеми, јадат компири како луди и краставици и моркови. Им давам многу смути и зеленчук, вели Јелена.
Сепак, токму поради ваквиот начин на исхрана, самата Јелена честопати е мета на критики, а додека некои ѝ замеруваат што изгубила многу килограми во последно време, како и дека диетата ѝ е „екстремна“, други веруваат дека никогаш не изгледала подобро!
Факт е дека Јелена видливо се промени во последните неколку години. Сепак, благодарение на оваа диета, таа не само што го задржа своето здравје, туку и совршената линија по две породувања.
Погледнете во галеријата како изгледаше Јелена пред да се омажи за Новак Ѓоковиќ:
фотографии МN PRESS/PROFIMEDIA: