(ФОТО) Која е 7 години помладата сопруга на Елен Пејџ: Колку време се заедно?
Актерката Елен Пејџ од вчеравечер е вест број еден во светските медиуми откако објави дека се смета себеси за трансродово лице. Поточно, дека таа е маж заробен во женско тело.
Актерката која беше номинирана за Оскар, претходно во 2014-та година за време на моќен говор за кампања за човекови права објави дека е лезбејка. Истата година на познатото ток-шоу на „Ellen DeGeneres“ откри дека објавувањето на нејзината сексуална определеност ѝ помогнало да порасне лично и професионално.
Во 2018-тата година Елен стапи во брак со 7 години помладата партнерка Ема Портнер, позната кореогрфка и наставничка во „Broadway Dance Center“.
Токму во овие моменти нејзината сопруга ѝ е најголема поддршка и преку јавна објава на социјалните мрежи ѝ посака да блеска и дека секогаш ќе ја сака. Инаку Портнер е позната по тоа што е поранешна кореографка на пејачот Џастин Бибер, за неговата светска турнеја „Purpose" во 2016-та година. Таа подоцна го обвини Бибер за мобинг.
Насловна фото: Getty