(ФОТО) Љубов од младоста: Како изгледа ќерката на Горан Бреговиќ која ја има со танчерка од Сараево

Добивај вести на Viber

Покрај трите девојчиња што ги има со сопругата - славниот музичар има уште една ќерка со стара љубов од младоста

Еден од најпознатите композитори од регионот, автор на филмска музика, фронтменот на „Бјело Дугме“, зборуваше за сè во текот на неговата кариера, вклучувајќи дрога, свој порно филм и љубовни авантури и афери. Неговата страст кон жените започнала кога имал 17 години, кога започнал да свири. Во раните дваесетти години тој влегол во врска со непознатата за јавностаЈасенка, а од таа љубов се роди неговата ќерка Жељка, за која многу малку се знае.

Поранешниот фронтмен на групата „Бјело Дугме“ Горан Бреговиќ денес е во одлична врска со својата вонбрачна ќерка. Жељка не се експонира во медиумите, таа објавува малку фотографии на социјалните мрежи.


Последен пат кога објавила своја фотографија на Фејсбук, нејзините пријатели коментирале колку убаво изгледа и и рекле дека е време да ‘најде Босанец’. Ќерката на Бреговиќ коментира дека „сè уште верува во љубов, а малку помалку во брак“.

Жељка Бреговиќ дипломирала на Факултетот за дизајн и со години живее во Виена. Судејќи според најавите, една од нејзините две ќерки ги влечела гените на дедото на Горан, бидејќи свирела на пијано.


Покрај неа, славниот музичар со сопругата Џенан има и три ќерки Лулу, Ема и Лола.

„Моите деца, кога беа мали, тие беа муслимани во времето на Бајрам затоа што тогаш добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијани, затоа што и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават, само средната, која сега е во пубертет – е будист. Тоа, се разбира, не ми пречи. Моите деца ќе бидат Французи, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион", изјави во една прилика Бреговиќ.


Фото: Fonet

Можеби ќе ве интересира:

Дугме е светски бренд со балканска душа: Сараевскиот бенд разбуди носталгија во Скопје