Моден фокус // Трендови
(ФОТО) На два бала исто облечена: Омилениот фустан на Зорица Заева
- 18 Март, 2019 10:35

Викендов во Скопје се одржа традиционалниот Виенски бал. Дел од гостите беа и премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица.
Додека премиерот беше во класичен костим, Зорица се одлучи за истата црна тоалета која ја носеше пред две недели на Виенскиот бал во Виена, каде беа почесни гости на канцеларот Себастијан Курц.
И косата на сопругата на Зоран Заев беше во сличен стил како пред две недели, фатена на една страна. Единствено што во Виена таа се одлучи за испеглана варијанта, а во Скопје за локни.