(ФОТО) Жените во животот на Марадона: Свршеница помлада од неговите ќерки

Диего Марадона секогаш ќе биде еден од најголемите играчи што некогаш стапнале на фудбалскиот терен.
Денеска тој почина на 60-годишна возраст по срцев удар, пишува весникот „Кларин“. Неколку амбулантни возила пристигнаа во неговиот дом, но нивните тимови не успеаја да му го спасат животот, пренесоа светските медиуми.
Пензионираната фудбалска легенда, пред две години беше почесен гостин на Светското Првенство во Русија каде крена голема фама со неговото недолично однесување.
Инаку Марадона до 2018-та, цели 6 години тој беше во врска со 28-годишната девојка Росиа Олива, со која се запознаа во 2012-та година.
Во февруари 2014-та година, тој се вери со неа и одржа забава во хотел во Рим за да прослави.
„Среќна сум бидејќи ова е мојот последен роденден како немажена девојка. Мило ми е дека успеав да го споделам овој момент со вас. Мојата желба е да бидеме вечно среќни со Диего! “ - изјавила Роси во една прилика.
Марадона беше во брак со Клаудија Вилафане помеѓу 1986-та и 2003-та година, пред да се разведат во 2004-та година.
Тој има пет деца, вклучувајќи ги двете ќерки 29-годишната Џанини и 31- годишната Далма, кои воедно беа постари од неговата вереница.