(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КАЛИН КАМЕН) Убавините на Македонија: Четири часа пешачење кое вреди
Ако решите цели четири часа да пешачите од Крива Паланка до Калин Камен, излетничкото место кое крие многу легенди, нема да згрешите. Печачењето вреди. Денес ве носиме токму таму.
Калин Камен се наоѓа на патот кон манастирот Свети Јоаким Оосговски.
Причината поради која илјадници туристи пешачат цели четири часа е токму таа карпа, која локалното население ја нарекува Калин Камен.
Пред да се одлучите дали ќе пешачите до каменот, имате каде да одморите и да се надишете чист воздух.

До прекрасното излетничко место можете да стасате со автомобил. Вештачкото езеро кое се наоѓа таму ќе ве воодушеви на прв пофлед. Детски парк, спортски игралишта, пространи ливади, ловечка куќичка, и бесценета прошетка по буковата шума е она што излетничкото место Калин Камен го нуди.
За целата оваа магична област се раскажува интересна легенда, за убавата Калина, спред која каменот го добил името.
Калина живеела во времето на Отоманската империја, и била најубава од сите девојки. Многу млади момчиња сакале да ѝ се доближат, но во неа силно се вљубил и турскиот ага. Агата ја грабнал Калина и ја затворил во неговиот сарај. Девојката не сакала да прифати да се потурчи и правела планови како да избега од сарајот на агата. Една вечер, тоа го сторила, избегала накај каменот под Царев Врв. Патот пешаќејчи го поминала за 4 часа. Таа ноќ, Калина се фрлила од карпата. Во нејзина чест, оваа позната карпа народот ја нарекол Калин Камен.
Влашки семејства, подоцна се населиле во оваа област, и станале познати по квалитетот на овците, волната и пастрмата. Традиција било, секоја година на 28 август, на празникот на манастирот Свети Јоаким Осоговски, власите да даруваат по 200 овци и јагниња на манастирот. Според Васил Кнчов, во 1990 година Калин Камен имал 600 жители, и сите биле Власи. И денес, 65 години по нивното ислеување на ова интересно место може да се забележи по некое грне или стомна кои ја раскажуваат историјата на народот кој живеел тука.
Милица Џаровска
Фото: Вангел Тануровски