Фудбалер ја претепа до смрт 30-години постарата девојка: Нејзините последни зборови се морничави, сестра ѝ слушала сè на телефон

Италијанскиот фудбалер Џовани Падовани до смрт ја претепа својата поранешна девојка Алесандра Матеучи, по што е обвинет и е во затвор.
Италијанскиот фудбалер Џовани е обвинет за убиство на својата девојка Алесандра Матеучи (56), фемицидот се случил минатиот вторник.
Имено, фудбалерот кој вообичаено изгра за нисколигашки италијански клубови до смрт ја претепал својата девојка, откако таа го пријавила во полиција за малтретирање и вознемирување.
Двојката беше во емотивна врска една година, по што Алесандра реши да го остави. Таа беше 30 години постара од него.
По раскинувањето, фудбалерот се опседнал со неа и ја малтретирал со пораки и повици, тоа траело со денови, поради што Алесандра се обратила во полиција, пренесува „Мундо Депортиво“.
Алесандра живеела во Болоња, каде што фудбалерот отпатувал за да ја најде и да се пресмета со неа. По тој повод побарал и ослободување од клубот, односно слободен ден за да може да оди кај девојката.
Фудбалерот физички ја нападнал Алесандра која во тој момент телефонски разговарала со својата сестра, која подоцна сведочеше и откри дека Алесандра плачела, изговарајќи ги потресните зборови: „Не, Џовани, не, те молам, помош“.
Повикот завршил набргу, а сестра ѝ потоа повикала полиција. Кога стигнале на местото на настанот, Алесандра била сè уште жива, но со сериозни повреди и починала на пат кон болница.
За нештата да бидат уште побизарни, Падовани во јавноста се претстави како активен борец против семејното насилство, па минатиот ноември учествуваше во кампања насочена кон спречување на насилството врз жените.
извор:stil.kurir