(ГАЛЕРИЈА) Од фармерки до коктел фустани: Стилот на Меган Маркл во бременоста
Модното влијание на Меган Маркл е очигледно откако стана член на кралското семејство. Таа привлекува внимание со секој нејзин чекор.

Првата фотографија на Меган откако објави дека е бремена (Фото: Профимедиа)
Фустаните со миди должина, високите потпетици и неутралните бои се карактеристики на нејзиниот стил кој иако се прилагодува на секоја прилика, во себе секогаш носи доза на гламур.

При посетата на Австралија (Фото: Гети)
За време на бременоста, Меган се појавуваше во разни креации: миди коктел фустани, долги фустани, фармерки во комбинација со високи потпетици и со рамни чевли или сандали, палта, капути кои секогаш беа совршено искомбинирани со чевлите.
Погледнете ја галеријата:

Омилените штикли кои ги има во неколку бои (Фото: Профимедиа)

Во Нов Зеланд се прошета со црни, тесни фармерки (Фото: Профимедиа)

За време на посетата на Австралија избра плав долг фустан (Фото: Профимедиа)

Фустанот од Оскар де ла Рента е еден од најубавите кои Меган ги облече за време на бременоста

Лесен шарен фустан и еспадрили со висока пета (Фото: Профимедиа)