Газираната вода не е замена за обична вода: Еве во кои ситуации единствено таа треба да се конзумира

Голем број луѓе обожаваат кисела вода – со или без вкус – верувајќи дека помага за подобра дигестија и здравје на цревата.
Таа често се избира како поздрава замена за газираните сокови, а со векови се користела за смирување на желудникот и гасови.
Сепак, нутриционистката Сара Хас истакнува дека иако киселата вода има свои придобивки – како хидратација, подобра дигестија и позитивен ефект врз срцето – секојдневната консумација може да има и негативни последици.
Најголем ризик е оштетување на забната глеѓ и развој на кариес. Според Клиниката Мејо и доктор Ендрју Л. Рубмен, газираната вода на празен желудник може да ја влоши гурушицата и дигестивните тегоби. Најдобро е да се пие меѓу оброци, а газираните пијалаци треба да се избегнуваат.
Кога станува збор за коските, истражувања покажале дека газираните пијалаци можат негативно да влијаат, но кај газираната вода конкретно – нема докажана штета врз густината на коските.
Научници од Универзитетот Бирзеит откриле дека газираната вода го зголемува хормонот на глад „грелин“, што може да предизвика прејадување.
По физичка активност, се препорачува обична вода, бидејќи киселата може да предизвика надуеност и непријатност кај луѓе со чувствителен стомак.
Извор: Glossy