Животна училница // Приказни
Глетка која буди надеж: Среде руинираното Петриња, блесна украсен парк
фото:Luka Šangulin/Index
Фотографиите и видеата од земјотресите во Хрватска го обиколија светот, а глетката деновиве таму е срцепарателна.
Снимките од уништениот град, но и од уништенита Глина и Сисак и околината на тие градови растажија многумина.
Улиците на Петриња се расчистени, иако урнатите куќи сè уште се таму.
Но, Петриња не се предава!
Во меѓувреме, електричната енергија се врати во градот, а божиќните украси блеснаа во централниот градски парк.
Иако никој не сака да слави во овој момент, контрастот помеѓу разурнатиот град и уредениот парк ја враќа надежта за некои од следните, посреќни Божиќни и новогодишни празници.
фотографии:Luka Šangulin/Index