Глетка која ќе ве расплаче: Шакира ги бакнува болните нозе на татко ѝ и вежба со него во болницата (ВИДЕО)

Колумбиската пејачка Шакира оваа година се соочува со многу животни проблеми. По раскинувањето на врската која траеше повеќе од една деценија со познатиот фудбалер Пике, таткото на Шакира заврши во болница, што е особено болно за неа.
- Деталите за здравјето на татко ми се приватни. Во име на семејството би ги замолила медиумите да го почекаат нашето соопштение пред да објават информации за болеста на татко ми – изјави Шакира.
Таткото на пејачката беше хоспитализиран во средината на летото поради пад кој му се одрази на моториката, пишува „Hola!“. Откако беше пуштен од болница, тој беше повторно примен во средината на октомври.
Шакира во неколку наврати објавуваше видеа и фотографии на кои повторно вежба читање со нејзиниот татко.
- Ти не' научи да стануваме после секој пад. Знаеме дека повторно ќе станеш. Те сакаме – напиша Шакира тогаш.
Музичката ѕвезда денеска објави видео од болница во Барселона каде вежба со својот татко за да ги подига нозете. Пресреќна што без нејзина помош успеа да ги крене нозете нагоре, Шакира почна да му ги бакнува стапалата.
„Те сакаме кралице“, „Сите знаат колку го сакаш“, „Љубовта меѓу таткото и ќерката е неизмерна“, пишуваат сите во коментарите на Инстаграм.
извор:pink.rs