Горчливата вистина која никој не ја кажува: Најтажната новогодишна приказна!

Добивај вести на Viber

Предновогодишната еуфорија задолжително подразбира заминување во шопинг и купување на украси за Нова година. Изборот е бесконечен, од блескави топки и разнобојни лампиони, до креативни фигури и сијалички.. И додека некогаш за декорации и украси мораше да се потроши голема сума, денес може да ги набавиме за ситни пари. Главната причина е што како и повеќето други работи, празничните „аксесоари“ се произведуваат во Кина. 

Во „Божиќниот град“ Јиву, оддалечен 320 км од Шангај, се произведуваат 60 отсто од сите божиќни украси на светот. Од капи за Дедо Мраз, до елки со оптички влакна. Зад сјајот на блескавите украси, се крие приказната за тешката работа на луѓето кои ги прават. За да би можеле ние да им се восхитуваме на нашите домови, некаде се ангажирани илјадници работници. Многу од нив се малолетни и „заработуваат“ 42 пени (помалку од половина долар) за час! 

Во Јиву се наоѓаат дури 600 фабрики, а поголем дел од производите се наменети за извоз. Вработените се сиромашни луѓе од руралните средини кои живеат во работничките домови по 50 недели годишно разделени од своите семејства. 

- Се доселив овде во потрага за подобар живот. Нема да работам во оваа фабрика засекогаш - рекла Жао Ји Мин за „Дејли мејл. 

Нејзината 18-годишна другарка Јанг Гуи Хуа вели дека заработува 6 долари за 14 часа работа дневно. 

- Произведувам вештачки елки, тешка е работата, но кога ќе научам да бидам побрза ќе заработувам повеќе. Некои жени заработуваат и околу 10 долари на ден, но треба време додека да се дојде на тоа ниво - нагласува Јанг.

За разлика од сиромашните работници, сопствениците на фабриките се милионери. Ренг Гуоан (42) го нарекуваат крал на божиќните елки. 

- Следната година ќе се преселиме во нова, уште поголема фабрика и работните услови ќе бидат подобри. Во своите соби работниците ќе имаат ТВ и интернет. Сакаме да ги направиме среќни, за да не ја менуваат често работата - рече Ренг изминатава година. 

Бројни сопственици на фабрики пред дваесет години не знаеле ниту што е Божик, но тогаш препознале потенцијал во тој празник и честата потреба на „западњаците“ од купување на евтини божиќни украси. 

Во следното видео погледнете како изгледаат таквите фабрики.