Готвиме италијански: Ново кулинарско шоу Cook it Italian за тајните на италијанската кујна

Знаете ли како навистина се подготвува италијанска паста, кои сосеви се комбинираат со кои состојки, како да добиете идентичен или барем приближен вкус од италијанските ресторани. Се повеќе луѓе стануваат љубопитни во својата кујна и експериментираат со вкусови, а изборот на италијанските јадења се одличен почеток за нешто ново, вкусно и брзо за подготовка.
Токму затоа, наскоро започнува ново кулинарско шоу „Готвиме италијански“ (Cook it Italian), со шеф Живко Стоилов, искусен готвач со меѓународно искуство во италијански и интернационални ресторани низ Италија, Велика Британија и Германија и домашниот ексклузивен ресторан „Таверна Тоскана“.
„Убава Италија. Тука почнав да сонувам. Шеф на кујна во пресладок ресторан во Болоња. Ги учев тајните на италијанската кујна, ги откривав вкусовите, текстурите и формите на најдобрите јадења. Судбината ме водеше низ светот, за на крај да ја понесам Италија со себе. Дојдете со мене на ова гастрономско патување. Ќе ви откријам дел од тајните на италијанската кујна“, вели шеф Жика за одлуката да ги сподели омилените рецепти со пошироката публика.
Во „Готвиме италијански“ ќе бидат детално прикажани повеќе класични и модерни италијански и медитерански рецепти, како најдобро да ги подготвите во домашни услови и совети и трикови од искусниот шеф Жика.
„Во кујната некогаш знае да се случи магија. Тоа е моментот кога ќе го отворите фрижидерот, ќе погледнете со какви состојки располагате во моментот, и ќе ви дојде инспирација нешто да зготвите. Мојата цел е да покажам дека со малку совети и детален опис на постапката на готвење, може многу лесно да ги совладате основните вештини и да создадете нешто ваше, нешто вкусно и оброк кој ќе ве спои со најблиските на трпезариска маса или на каучот додека ја гледате следната епизода на Нетфликс“, вели шеф Жика.
Првата сезона на „Готвиме италијански“ (Cook it Italian) ќе се емитува ексклузивно на idmedia.mk и CookitItalian секоја недела на социјалните мрежи.
ПР објава