Градската кафеана „Кермес“ се врати во Скопје, ја оживеа фестивалот на светлината во Парк (ФОТО)

Старата градска кафеана „Кермес“ се врати во Скопје сношти, барем во сеќавањата на оние кои уживале во неа, а оживеа за оние кои слушале за култното место во Градскиот парк.
На настанот „Скопје лајт фестивал“ низ светлосни перформанси на повеќе уметници, беа прикажани уникатни дела, а сеќавањето на „Кермес“ со македонски музички евергрини кои беа пуштени ја долови убавата слика на старо Скопје.
Веднаш до него, уште едно носталгично сеќавање, светла во вид на кругови кои потсетуваат на Универзалната сала, оние кои со години беа поставени горе, и останаа своевиден белег и атракција на салата со која израснаа многу геренерации.
„Универзална“ е и организатор на овој убав настан, на кој настапија повеќе диџеи: Вишко, Бранчез, Маци Стојановиќ, Томи Бојаџи, Сашко Узун и Зоки Бејбе, а градот живна по летните одмори.
Уникатни видеопроекции и светлосни перформанси без промовирани за посетителите, кои ја следеа „светлосната патека“, и беа поставени штандови за пијалоци.
Уметниците чија патека ја следевме се Зоран Тошевски (Кермес), Перо Кованцалиев (Бисерно непознато), Ана Трајковска (VICARIOUS), T33 creative & co (Рефлексија на зракот), Мартин Димитриев (ECHOES), Robbie Ray (Светлечко трио), Бобан Манов (Водопад од светлина), Кристина Пауновска- Гиразова (Портал), Анета Стојчевска (Простор, јас, Рејчел, ти, ѕидови), Елизабета Тошевска (Врска помеѓу човекот и Универзумот) и учениците од ДСУЛУД„Лазар Личеновски“ (Анимирани дела).
Беше поставена и зона за одмор во која посетелите следеа видео проекција.
М.Џаровска
Фото: В.Тануровски
Галерија:

















