Хилари Клинтон изгуби на квиз на знаење од Ким Кардашијан: Сите ѝ се смееја на старлетата, но испадна дека таа всушност е паметна

Добивај вести на Viber

фото:printscreen

Американскaта поранешена државна секретарка - Хилари Клинтон неодамна имаше интересен судир на знаење, ни помалку ни повеќе отколку со Ким Кардашијан.

Имено, Хилари заедно со нејзината ќерка Челзи има нова документарна серија која ќе излезе на 9 септември, а низ осум епизоди ќе бидат прикажани бројни ситуации од нејзиниот живот, но она што особено им беше интересно на продуцентите е моментот кога се соочи со Ким Кардашијан во квиз на знаење.

Сите знаат дека Ким е студент по право, а сега имаше можност да го покаже стекнатото знаење во „дуел“ со една од најпознатите политичарки во светот.

По серијата прашања за употреба на смртоносна сила, разликата помеѓу изнуда и грабеж и кога е дозволено тврдење за самоодбрана, Ким цврсто ја победи Хилари со 11-4.

„Мислам дека Ким има неправедна предност“, изјави Хилари во епизодата, која ексклузивно беше прикажана, а нејзината ќерка Челзи ја поткрепи изјавата, нагласувајќи дека Ким неодамна учела за сето тоа, за разлика од нејзината мајка.

Хилари рече дека загубата била потресна. А Челзи објасни како нејзината мајка не секогаш реагира на време, дури и кога го знае одговорот, таа веднаш не го притиска тестерот и дека тоа неизбрзување на реакција влијаело на резултатот.


„Не ја интервјуиравме за модата...  за нејзиниот личен живот. Разговаравме со неа за тоа што направила за да им даде втора шанса на луѓето кои се погрешно затворени“, рече Хилари, а Челзи истакна како Ким ја користи својата популарност на вистински начин и колку е убаво што сака да им помага на другите.

Хилари вели дека сака Ким Кардашијан да успее.
„Бев навистина заинтригирана од тоа колку е успешна во сè. Сакав да го насочам центарот на вниманието кон неа, не дека ѝ треба, но таа работеше навистина напорно за да стигне до тука“, рече Клинтон.

А на прашањето дали дозволила Ким да победи на овој дуел, Хилари рече:

„Не! Не го реков тоа, туку ми треба повеќе време да реагирам“.

извор:zena.blic