И по втората бременост: Ирина Дишо 10 дена по породувањето изгледа неверојатно

Добивај вести на Viber

Пред десетина дена се породи со своето второ дете алпинистката Ирина Дишо, сопругата на пејачот Павле Камиловски.

Таа е позната во јавноста по постојаната физичка активност и искачувањето на Водно  во текот на целата нејзина бремнеост,  а особено во последните денови од бременоста. И тогаш не застана и на студ и на снег се искачуваше пеш до врвот во поодимната бременост.

Можеби и токму тоа е она кое и помогнало на тазепечената мајка на малата Лена, на само 10 дена по раѓањето да изгледа како воопшто да не родила.

Ирина вчерашниот ден го искористи да се искачи на Водно и како што напиша таа на инстаграм стори „да се врати формата“.

Она кое е очигледно е дека стомакот на Ирина како и да го нема, таа изгледа неверојанто на само 10 дена по пораѓајот. Младата мајка е вистинска инспирација за многу трудници и мајки кои штотуку се породиле.

Алпинистката како што исткана на видео на инстаграм стори уживала за време на качувањето иако се соочила со многу кал по патеката.

Браво за оваа неуморна мајка, која откри и кој ги чувал нејзините две деца Јосиф и Лена додека таа си зела малку оддишка и време за себе.

„Навистина мислам дека нема потреба да се прашува кој ги чува децата во овие саат време додека имам тренинг. Секако дека Павле. Браво за тато!“, откри Ирина и го пофали сопругот.


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм

Релаксирано бескрајно ужива во улогата на мајка: Ирина Дишо сподели прва фотографија со ќерката