Имаше смисла за хумор до крајот: Свештеник откри што рекла кралицата Елизабета Втора пред да умре

Добивај вести на Viber

Два дена пред нејзината смрт, кралицата Елизабета Втора се сретна со новиот премиер на Велика Британија, претходно таа разговараше и со свештеникот др. Иан Гриншилдс, кој беше гостин во замокот Балморал. Свештеникот откри што разговарал со монархот и како таа се однесувала во тоа време.

Отец Иан е задолжен за Генералното собрание на црквата на Шкотска. Тој беше во Балморал викендот пред смртта на Елизабета Втора. Имал можност да разговара со 96-годишната жена, а во етерот на ABC News откри што таа тогаш кажала. 

„Иако беше кралица, таа го следеше Господ“, откри свештеникот. А и додаде дека монархот имала смисла за хумор до крајот. Таа се обидела да направи некоја необична шега насочена кон свештеникот.

Како што истакна отец Иан Гриншилдс, кралицата Елизабета Втора, иако видно уморна, сепак била многу „посветена“ викендот пред нејзината смрт. Според него, таа чувствувала дека „нешто ќе се случи“.

„Ја видов нејзината кршливост, но штом почна да зборува, во неа се појави сосема поинаква личност. Некој со извонредна меморија, некој кој знаеше се“, рече свештеникот.

Ја откри и шегата што му ја кажала кралицата. Бидејќи тој живеел во делот од замокот наречен „Соби на кулата“, таа му рекла: „Кралицата сега те праќа во кулата“.

„Потоа таа се насмевна и се увери дека разбрав дека е шега“, се сеќава тој. Зборувајќи за „Кулата“, Елизабета Втора се осврнала и на познатата лондонска кула, која служела како затвор многу векови.

„Бев изненаден што една жена толку витална, толку полна со енергија, толку драга, умре толку ненадејно“, продолжи тој.

Свештеникот откри и дека ѝ дал подарок на кралицата - крст.

"Прашав што може да му се даде на човек кој има сè. Таа се насмевна и љубезно го прифати крстот. Ми посака среќа", рече свештеникот.

Еве каде почива кралицата Елизабета II: Објавена првата фотографија од нејзиниот гроб

извор:najzenа
фото: Твитер

Многумина ги интересира мистеријата за бременоста на кралицата: Еве зошто нема фотографии од бремената Елизабета Втора