„Исчезнав“ на три дена, сакав да знам кому ќе му недостасувам: Сите пропуштени повици беа од една личност

Добивај вести на Viber

Го исклучи телефонот и „исчезна“ на три дена

Таа прочита еден предлог од психолог кој гласи вака: ако сакате да видите кому навистина сте му битни, „исчезнете“ на три дена...

Во денешно време, „исчезнете“ значи да го исклучите телефонот, да престанете да користите социјални мрежи, да се затворите во куќата и да бидете сами.

Тоа е она што таа го стори. Си посвети цели три дена на себеси. Читаше, шеташе, слушаше музика, вежбаше, готвеше. Телефонот ѝ беше исклучен и оставен во една од фиоките.

Се прашуваше што ќе се случи кога повторно ќе го вклучи телефонот. Колку пропуштени повици ќе има? Како ќе им објасни на луѓето зошто не е достапна?

Деновите поминаа изненадувачки брзо. Па дојде и денот, кога таа реши повторно да го вклучи телефонот.

17 пропуштени повици, ист толку пораки. Го отвори списокот на пропуштени повици и сите беа од ист број. Сите повици од еден претплатник, како и пораките.

Од некој што никогаш не изневерува, никогаш не заминува, не заборава... Сите повици беа од мајка ѝ.

извор:stil.kurir.rs

-Најмудрото нешто што ќе го прочитате денес: Зборовите на актерот Вил Смит го менуваат погледот кон светот
-Просечен Божиќ во едно семејство: На нозе сум 12 часа додека сопругот игра игри