Историјата се повторува: Бритни Спирс повторно ја отсече косата и објави нов сет голи фотки - одново го загрижи светот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави ново видео во кое открива дека ја отсекла целата коса, но и повторно објави фотки на кои е сосема гола.

На видеото се гледа како Спирс се бања облечена само во долен дел од бикини и розова капа, а со рацете ги покрива голите гради.

„Ја отсеков целата коса, но се уште не сакам да ја покажам“, напиша таа во описот на видеото и веќе обожавателите се прашуваат дали повторно ја избричила косата како пред 15 години и носи кратка перика или пак само ја отсекла кратка.

Како Бритни Спирс ја изгуби контролата: Со чадор ги нападна папараците, ја избричи главата, остана без децата и правото да одлучува

View this post on Instagram

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)


Во меѓувреме таа повторно објави и нови голи фотки и повторно го загрижи светот.

Бритни Спирс ја загрижи јавноста: Објави 12 фотографии на кои е потполно гола, фановите сметаат дека е нестабилна


View this post on Instagram

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)


Бритни моментално се одмара со третиот сопруг, Сем Асгари, на хавајскиот остров Мауи.

Да потсетиме дека Спирс ја избричи главата во февруари 2007 година во фризерски салон, а само еден ден подоцна беше примена во центар за рехабилитација на Карибите. Таа се одјавила по неколку часа, а потоа била примена во друг центар за рехабилитација во Малибу.

- Тоа беше многу, многу лош период во мојот живот. „Поминав низ многу лоши работи со моите деца и со Кевин [Федерлајн], објасни Спирс во специјалната емисија на МТВ од 2008 година.

-Тој штотуку ме остави и бев скршена. Луѓето почнаа да мислат дека сум на дрога. Некои мислеа дека полудувам. Луѓето постојано си ги бричат ​​главите, знаете – продолжи таа.

- Но, јас поминував низ многу, а тоа беше, на некој начин, како еден вид бунт или чувство на слобода или отфрлање на работите што се случија. Имам многу добри денови, а потоа имам лоши денови. Понекогаш сето тоа е премногу за мене. Никој не може да се занимава со такви работи – рече таа.

извор:Kurir.rs

Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам мајка ми, се надевам дека ќе можеме да разговараме нормално еден ден