Ивона ЈО со еден потег покажа колку е ЗАДОВОЛНА во своето „ново“ тело

Добивај вести на Viber

Пејачката Ивона Јовановиќ, викендов присуствуваше на свадба во Смедерево. Со својот изглед ги одушеви присутните. Дека е задоволна од своето „ново“ тело Ивона докажа преку смелата креација на фустан кој го избра за свое модно парче.

Долгиот фустан целосно ја прикажува нејзината „нова фигура“, ги истакнува женските облини, а покажува и дел од бујното деколте на Ивона. 


Церемонијалниот изглед на фустанот укажува на тоа дека Ивона внимателно и темелно се подготвувала да го испочитува „насреќниот ден“ во животот на свои блиски и драги луѓе. Сепак, нејзиниот сексипил и убавина, позитивното расположение и харизмата се истакнуваат во прв план. 


Тешкиот пат за себепронаоѓање во сопственото тело Ивона Јо го закити со победа, сега изгледа среќно и исполнето, а на својот Инстаграм профил скоро секојдневно гордо и без задржување дели фотографии од својот нов изглед. 

Таа беше искрена пред јавноста за секој пат што го помина за конечно да се пронајде себе си и да биде среќна. Јавноста сведочеше за нејзините операции кои ги правеше во странство, но и бројни активности на кои посветуваше време и енергија да ја доведе линијата до посакуваните граници. 


Ивона Јо во минатото се бореше со бројни предрасуди со кои се соочуваат сите жени со вишок килограми и жени кои не се вклопуваат во социјалните калапи за тоа како треба да изгледа женското тело. Изборот кој го направи е да биде среќна и задоволна со себе. Сега конечно може да кажеме дека е среќна во своето „ново“ тело според начинот на кој гордо го покажува.

Извор: Instagram