Излезе од печат новата книга на омилената авторка на жените во Македонија: Јелена Бачиќ Алимпиќ ви го претставува „Кројачот“
Во срцето на Белград, во време кога светот го губи разумот, еден кројач крои нешто повеќе од костуми – крои судбини.
Јаков, млад наследник на прочуена кројачка лоза, е принуден да си ги смени името и идентитетот за да го преживее пеколот на Втората светска војна. Кога таткото ќе му го одведат во логор, нему и на мајка му им дава засолниште стариот семеен пријател, мајстор Воја Јованчиќ. Преку шепотот на иглата и тајните зашиени во ткаенината, Јаков учи да преживее во светот во кој сè се менува, но едно нешто останува исто – преданоста кон семејството.
Кога во нивниот живот пристигнува Олгица, сираче спасено од логор, Марта, мајката на Јаков, ќе ѝ даде љубов и заштита, несвесна дека еден ден ќе мора да ја пушти.
Во овој најнов роман Кројачот, Јелена Бачиќ Алимпиќ пишува приказни за љубовта, храброста и човечноста во најмрачните времиња. Ова е роман за оние што го кроеле животот, пркосејќи и на смртта, за тајните што останале чувани во шевовите на костумите и за судбината, која како конец се плете низ генерации.
Книгата Кројачот од Јелена Бачиќ Алимпиќ, во издание на „Матица Македонска“.