Јас пораснав во патики од пазар, носев веќе носена облека, имав детство: Каде е вашето Барбики на новото време?

Добивај вести на Viber

Денес, на моја возраст, знам дека бев дете, тинејџер, девојче, жена..

„Јас пораснав во патики од пазар. Носев облека што ја носеле најмалку две лица пред мене, а потоа преминуваше во рацете на другите деца (неретко и момчиња).

Пиев вода од бунар, понекогаш и од чешма.

Во лето, колената ми беа повеќе без кожа отколку со неа.

Тргнав во средно училиште во тренерки.

Со ранец.

Соништа.

И насмевка.

Така и го завршив.

Денес, на моја возраст, знам дека бев дете, тинејџер, девојче, жена.

Неповикана да коментирам билошто на оваа тема, а погодена од секојдневното гледање на жени кои прескокнуваат некои од фазите на растење премногу брзо и неприродно и доаѓаат до „титулата“ жена, сакам да им поставам безброј прашања...

На нив или на суштеството што ги создадоа од себе под влијание на околината.

Каде се вашите соништа, Барбики на новото време?!

Кој и зошто ви го отежна растењето? Каде брзате?

Од што бегате?

Пупката не се отвара пред пролет, зар не ви го кажал некој тоа?!

Каде ги испуштивте невините насмевки, крвавите колена и малите радости?

Зарем мора  да се „качите“ на непријатни виоски потпетици за да добиете подобар поглед на светот околу вас? “

Лекција: Не обидувајте се да го изгубите вашето детство затоа што е најубаво кога е спонтано и… ќе ви дојдат годините, сакате или не “.

Фото: Shutterstock

Извор: zelenaucionica.com