Тело и табуа – како да разговарате со вашата ќерка за првата менструација?

За време на пубертетот, првата менструација е голема промена – но честопати носи и страв, збунетост или непријатност, особено поради табуата околу телото и менструацијата. Девојчето може да се најде во ситуација како: „Мамо, зошто крварам?“, „Мамо, панталоните ми се со крв, што ми се случува?“ или „Сите во училиште ми се смееја, имав крв на панталоните…“. Токму тогаш вие, како родител, сте најважниот извор на смиреност и поддршка. Вашиот разговор може да ја претвори оваа збунетост во чувство на разбирање и сигурност, да ја научите вашата ќерка дека менструацијата е сосема нормална, природна и дел од растењето.
Како да го започнете разговорот за „оние денови” ?
Здравјето на секоја девојка започнува од интимната нега, а со вашиот разговор може да ја направи оваа промена полесна, повесела и многу помирна за вашата ќерка. Објаснете ѝ дека тоа е сосема нормално, дел од растењето и начин на кој телото ви кажува „здраво, сè функционира како што треба!“. Користете хумор, мали секојдневни примери и поттикнувајте ја да поставува прашања – на овој начин менструацијата ќе стане тема за разговор, а не извор на страв.
Подгответе ја за практичните аспекти – користење на Jessa хигиенски производи од dm, одржување на чистота и што да очекува во првите менструални денови. Поттикнете ја да ги споделува своите чувства, без страв од осуда – научете ја дека не е срамно некој да и ја види хигиенската влошка, тампонот или менструалната чашка, бидејќи тоа е природен женски процес. Подготвените и информирани девојки полесно ги прифаќаат промените и погласно зборуваат за нив.
Совети и мали слатки изненадувања за „оние денови“
Кога за првпат ќе се соочат со менструалните болки, многу девојчиња мислат дека нешто не е во ред со нивното здравје. Здравата исхрана за време на менструалниот циклус е многу важна и ги ублажува болките, а балансираните оброци на dmBio во текот на денот можат да направат секоја млада девојка да се чувствува подобро и поздраво во „оние денови “. Научете ја дека со редовните гинеколошки прегледи ќе го чува своето женско здравје – но ќе добие и стручни совети и ќе дознае информации кои никој не и ги кажал претходно.
И не заборавајте – вашата Bestie е секогаш тука за вас и за вашата ќерка кога се работи за искрените разговори околу менструацијата. А покрај советите и поддршката, секогаш има и по некое мало изненадување – од хигиенски влошки и тампони, до чоколадо или интересен рецепт што ќе ви ги разубави тие денови. Со многу смеење, блискост и разбирање, менструацијата ќе стане тема за која зборуваме отворено – без срам, без предрасуди.